Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Палестинските здравствени власти го пријавија првиот случај на детска парализа во Газа

/

пред 795 дена

Сподели преку :

Палестинските здравствени власти го пријавија првиот случај на детска парализа кај невакцинирано 10-месечно дете во градот Деир ал-Балах во Газа, малата енклава која е зафатена од војната меѓу Израел и Хамас.

Примероци за испитување биле испратени во главниот град на Јордан, Аман каде здравствените потврдија дека станува збор за ова заболување.

Потенцијално фаталната, парализирачка болест најмногу ги погодува децата на возраст под 5 години и обично се шири преку загадена вода.

Пакистан и Авганистан се единствените земји каде ширењето на детската парализа никогаш не било запрено.

Здравствените и детските агенции на ОН повикаа на седумдневни паузи во борбите, почнувајќи од крајот на август, за да се вакцинираат 640.000 палестински деца.