Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пандов: Судиите треба да изрекуваат и алтернативните мерки – јавна расправа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Во МАНУ се одржа јавна расправа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација преку кој се овозможува ресоцијализација и реинтеграција на сторителите на кривични дела, како и уредување на извршувањето на алтернативни мерки и надзор во заедницата.

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов изјави дека стариот закон е донесен 2015 година, а пробацијата започнала да функционира четири години подоцна.

Клучни, според него, се судиите кои треба да ги изрекуваат алтернативните мерки. Учесник на расправата беше и министерот за правда Игор Филков, кој избегна да даде изјава за медиумите.