Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Папата е загрижен за одлуката на Киев да ја забрани Украинската православна црква

/

пред 787 дена

Сподели преку :

Папата Франциск денеска изрази загриженост поради одлуката на Киев да ја забрани Украинската православна црква што е поврзана со Московската патријаршија.

„Ниту една христијанска црква не треба да биде укината директно или индиректно“, рече Папата по тој повод.

Тој додаде дека продолжува болно да ја следи ситуацијата во Украина и Руската Федерација, а имајќи ги предвид законите што неодамна беа усвоени во Украина, чувствува загриженост за слободата на оние кои се молат, бидејќи, како што рече, тој што навистина се моли го прави тоа за сите.