Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парада на гордоста во Скопје: Протест против молкот и лажното прифаќање

/

пред 106 дена

Сподели преку :

Со пораки за еднаквост, прифаќање и видливост, денеска од Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје се одржа осмата Парада на гордоста, која годинава имаше  слоган „Сите нека знаат“.

Учесниците носеа знамиња и симболи во боите на виножитото, а организаторите порачаа дека овогодинешниот слоган ја нагласува потребата од поголема видливост на ЛГБТИ+ заедницата, но и укажува на предизвиците и недостатоците на системот со кои таа сè уште се соочува.

Според организаторите, годинашниот марш има изразен протестен карактер и претставува одговор на, како што наведуваат, зголемениот притисок и обидите за институционално невидливост на ЛГБТИ+ заедницата.

„Тоа што сме тука, значи дека одбиваме да се предадеме, дека застануваме цврсто во одбрана на нашите права и одбиваме да бидеме скриени и надвор од јавниот простор.

Ова е бунт против тишината што ни се сервира како услов за безбедност и лажно прифаќање, штамата на институциите и политичарите кои не ја препознаваат потребата од унапредување на нашите права“, рекоа дел од организаторите.

Тие истакнаа дека „кога една група се издвојува како проблематична или како  расипувач на семејни вредности логично се зголемува говорот на омраза кон таа група“, а институциите  одбиваат да им ги обезбедат и основните услуги – посебно докторите и наставниците.

Тие напоменаа дека се уморни постојано да ги повторуваат истите барања.