Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пат кон договор за крај на војната меѓу Русија и Украина – единствено е потребно присуството на Путин

/

пред 615 дена

Сподели преку :

Минхенската безбедносна конференција на пат кон договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, единствено е потребно присуството на Путин за договорот за примирје да се склучи.

Зеленски изјави дека за мировен договор меѓу Украина и Русија со Путин може да се разговара само откако ќе се преговара за заеднички мировен план со САД и европските сојузници.

  • „Нема потреба да се бара посредување меѓу Украина и (рускиот претседател Владимир) Путин. Ни треба силна поддршка од силна земја како САД и силен претседател како Доналд Трамп, ни треба неговата поддршка и потребно е тој да биде на наша страна. Мислам дека тука не може да има посредување меѓу нас, бидејќи не се борат две земји меѓусебно, туку Русија носи војна во нашата земја и ние ја браниме, мислам, со чест“ изјави Володимир Зеленски, украински претседател.

Се одржа и состанок измеѓу украинските и американските делегати, заедно со Зеленски, потпретседателот на САД Ванс и американскиот секретар Рубио. Изјавија дека плодни разговори се постигнати како и  „работи што треба да се надоврзат“ во догледно време. САД сакаат да постигнат траен мир меѓу Русија и Украина порача Венс, но не беше конкретен како тоа ќе се случи.

  • „Имавме голем број на плодни разговори и голем број на работи на кои треба да продолжиме да работиме. Основна цел е како што истакна претседателот Трамп, сакаме војната да заврши. Сакаме убиствата да завршат. Но ние сакаме да постигнеме траен мир, а не мир кој ќе ја доведе Источна Европа во конфликт пак за само неколку години подоцна“ изјави Џеј ди Венс, потпретседател на САД.

Потпретседателот Венс претходно изјави дека е дојден „нов шериф во градот“  мислејќи на Трамп. Тој посочи дека САД верува во европските земји кои мора да играат „поголема улога“ за иднината на континентот.

Си-Ен-Ен повикувајќи се на свои извори објави дека Русија собира преговарачки тим од највисоко ниво, што ќе вклучи врвни политички, економски и разузнавачки поединци за посредување на договор и ставање крај на војната.

Теа Димковска