Стотина патници кои во саботата со патувале возот кој сообрајќал на линијата од Скопје за Гевгелија три ипол часа заглавија во тунел. Причина било паднато метално парче на пругата од товарен воз кој претходно сообраќал.
Инцидентот бил пријавен во СВР Велес, а екипите на ЈП Македонски железници излегле на терен и извршиле увид.
Попладневниот патнички воз од Скопје тргнува во 16,55 часот, а застанал во тунелот кај Железничка станица Пчиња некаде околу 17,40. Во Велес наместо во 17,47 стигнал во 21 часот, по што продолжил за Гевгелија.
Претходно во четвртокот попладне и петокот наутро, единствениот патнички воз кој сообраќа од Скопје за Битола и обратно, не возел, бидејќи дизел локомотива била расипана.
МЖ се соочува со сериозни проблеми во работењето, укинува железнички стојалишта, го намали бројот на патнички возови од и за Битола.
Возовите кон Кочани, Кичево не сообраќаат две и пол години, од почетокот на годинава не сообраќа возот ниту кон Куманово и Табановце, а меѓународниот воз за Приштина е сопрен од лани.











