Во околу 50 објкети низ земјава влегле пазарните инспектори во изминативе два дена. 22 имале важечки лиценци кај 15 била истечена. Но, од Владата најавија дека сега ќе се проверува дали ги исполнуваат минимално пропишаните услови. Но, зошто прво се проверуваат оние кои се лиценцирани , а не оние кои не се, од Владата велат дека тоа е затоа што клубот во кој се случи несреќата имала фалсификувана лиценца за работа.
Објектот во кој се случи несреќата, бил регистриран за лесна индустрија и така работел 15 години. Ова вчера го кажа министерот за внатрешни Тошкоски. Значи дека како таков функционирал во време на повеќе влади, министри, градоначалници, директори на инспекторати. Но, зошто до сега пазарниот инспекторат не направил вакви проверки како што се спроведуваат сега и кој беа најавени, премиерот Мицксоки одговори дека тие без пријава не можат тоа да го прават.
Но, што треба, за вршење на угостителска дејност?
Во законот стои дека треба да бидат исполнети минимално пропишани услови.
За исполнувањето на овие услови и започнување со работа, угостителот е должен да го пријави тоа во државен пазарен инспекторат, кај градоначалникот на општината и тоа 15 дена пред почетокот со работа. Секоја промена исто така треба да биде пријавена.
Градоначалникот на Општината води и евиденција на угостителските објекти кои започнуваат со работа на нивното подрачје, регистар на угостителски објекти, советите во општините носат одлука за висина на лиценца, води регистар за работното време, а надлежни се и за елаборатот за животна средина.
За угостителска дејност во угостителски објект, ноќен клуб, кабаре, дискоклуб, дискоклуб на отворен простор може да врши ако обезбедил согласност од органите на државната управа, надлежен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедност и во сообраќај. Лиценцата пак ја издава Министерството за економија по претходно поднесено барање. Сето ова го пишува во законот за вршење на угостителска дејност.
Според извештајот на економија, во 2023 за последне пат се дало негативно мислење за добивање на лиценца.
Ирена Чачкова











