Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пазешкиан: Иран ги уништува непријателските воени бази

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Иранската државна телевизија емитуваше претходно снимено обраќање од претседателот Масуд Пазешкиан, во кое тој изрази сочувство на нацијата поради убиството на Врховниот лидер, Ајатолахот Али Хаменеи и порача дека привременоит совет започнал со работа.

Според иранските медиуми, самиот Пазешкиан е еден од тројцата членови на ова преодно управно тело, чија главна цел е избегнување на вакуум на врвот на системот, додека свештенството избере нов Врховен лидер. Покрај Пазешкиан, во тричленото тело учествуваат шефот на правосудството Мохсени Еџехеи и Ајатолахот Али Реза Арафи.

Во видео обраќањето, Пазешкиан уште порача дека вооружените сили му приредиле разочарување на непријателот, уништувајќи ги неговите воени бази во регионот.

Половина час пред емитувањето на виедо пораката, на социјалните мрежи Пазешкиан објави дека последниве напади нема да ја нарушат решителноста на владата на Исламската република да ги извршува своите должности.