Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Педесет деца затруени во Крупањ – Сите престпјувале во ист хотел

/

пред 794 дена

Сподели преку :

Педесетина деца кои со своите тренери престојуваат во хотелот „Гранд“ во Крупањ на спортски тренинг се пожалиле на стомачни проблеми, повраќање и дијареа, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за деца од пет до 16 години и нивните тренери, од Србија и од странство, кои се тука на спортски тренинг.

Веднаш по пријавата, екипите на Институтот за јавно здравје Шабац излегле на терен каде ја проверуваат хигиенската и здравствената исправност на храната, водата и условите во кои престојуваат, со цел да се утврди причината.

Според сознанијата првите здравствени компликации биле пријавени вчера наутро кај едната, а навечер во другата група.

Сите деца денес се чувствуваат добро.

Од Институтот за јавно здравје велат дека состојбата е под контрола и дека никој не е хоспитализиран.

Покрај редовните, во овој објект наредени се и вонредни санитарни инспекции.

Во моментот кога бил пријавен првиот случај, во хотелот престојувале 125 деца со тренери и неколку гости.