Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски со честитки до победниците: Мојот концепт не доби мнозинство, некои партии ефективно спречија гласање на претседателски избори

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам. Сакам, согласно резултатите кои ги видовме досега, да им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во наредните четири, односно пет години, порача претседателот Стево Пендаровски во првото негово обраќање до јавноста по затворање на гласачките места на денешните претседателски и парламентарни избори.

„Мојот концепт за мултиетничка Македонија, целосно интегрирана во евроатлантските структури, денеска за жал не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Меѓутоа јас сум длабоко убеден дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Во таа смисла, мојата совест е мирна. Не сум сигурен дека совеста им е мирна и на оние кои, тргнувајќи од тесно партиски и лични интереси, денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори. Меѓутоа, резултатите, наспроти се, се јасни и уште еднаш им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба на македонските граѓани“, изјави Пендаровски.