Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пентагон: Досега се ранети 140 американски војници во нападите врз Иран, осум се тешко повредени

/

пред 213 дена

Сподели преку :

Вкупно 140 американски војници се ранети од почетокот на воздушните удари на САД и Израел врз Иран, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Пернел. Тој додаде дека најголем дел од нив се полесно повредени и оти 108 војници веќе се вратиле на должност. Осум од повредените, како што нагласи, се наоѓаат во тешка состојба.

Соединетите Американски Држави веќе признаа осум смртни случаи меѓу војниците. Трамп во повеќе наврати порача дека жртвите биле очекувани, додавајќи дека војната на крајот „ќе биде голема работа за светот“.

Тензиите на Блискиот Исток што ескалираа по заедничкиот напад на САД и на Израел врз Иран досега наводно однесоа 1.200 човечки животи, меѓу кои и иранскиот Врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.