Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

/

пред 472 дена

Сподели преку :

Гори борова шума и сува трева во Кочани. Во оваа огнена стихија до темел изгоре и семејна куќа  во близина на местото викано Диви градби во населбата Трајаново Трло.

Над 50 пожарникари од Кочани, Штип, Виница и Пробиштип и волонтерите од кочанското Противпожарно друштво, поддржани од еден полициски хеликоптер се справуваат со овој пожар, ни потврди директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Пожарот од Трајаново трло е префлен на ридот кај Пресечена скала, а во тек е интервенција и се гаси последниот крак што се шири лево од манастирот во Кочански дол. Кочанските пожарникари денеска се справуваат со два пожари, околу пладне гаснее и фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани.

За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица.

Увид на местото на пожарот направија полициски службеници од ОВР – Кочани, кои треба да ги утврдат причините за избувнување на огнот.

Пожарот во фабриката за стиропор во Кочани е втора поголема огнена стихија за само два дена, откако во вторникот во кругот на транспортна компанија во населбата Оризари изгореа три автобуси и едно патничко комбе. Според обвинителство пожарот е подметнат, во кој изгореа автобуси и комбе на тарнспортна фирма.

Викторија Димитрова Јованова