Додека владата од буџетот годинава, како и наредната, од унгарскиот заем распределува милионски суми за капитални проекти на општините, министерот за локална самоуправа Перински апелира општините да бидат поефикасни во собирањето на даноци, бидејќи на годишно ниво губат и до 120 милиони евра кои би завршиле во општинските каси.
Фискалната децентрализација е поставена на солидно ниво, смета Перински. Според него, веќе има зголемување од 6% во делот на приходите од данокот за локалните самоуправи.











