Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пешевска призна вина, но прстот го впери во поранешниот директор Васев

/

пред 401 дена

Сподели преку :

Обвинетата докторка Мери Пешевска денеска пред судот призна вината за несовесно лекување, но за тоа го посочи поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев.

Таа се извини на оштетените пациенти и рече дека Васев бил нивен ординирачки доктор, а факсимилот бил достапен на шалтерот и го користеле сите.

Одбраната на Пешевска побара раздвојување на постапката, а судот одлучи дека вештачењата добиени од Словенија и Србија остануваат валиден доказ.

Иако Васев се изјасни дека не се чувствува виновен, обвинителството останува на ставот дека лекарите се товарат за продолжени „тешки дела против здравјето“ и „несовесно лекување“, со што биле загрозени 29 пациенти.

Покрај ова, Васев и поранешниот економски директор се соочуваат со дополнително обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета проценета на над 2,2 милијарди денари.