Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пешевска: Создаваме општество во кое секоја жена ќе живее без страв

/

пред 216 дена

Сподели преку :

Денес зборуваме за почит, можности и еднаквост. Но овие зборови немаат вистинска тежина ако не сме подготвени да ја погледнеме и реалноста со која се соочуваме.

  • За жал, оваа година 8 Март го одбележуваме и во сенка на една голема трагедија што ја потресе јавноста, загубата на два човечки животи, мајка и дете, како жртви на семејно насилство. Изразувам искрено сочувство до семејството. Оваа болка е потсетник дека како општество имаме заедничка одговорност, институциите да реагираат навремено, координацијата да биде поефикасна, а превенцијата и поддршката да станат вистински приоритет. Затоа што понекогаш навремената реакција е прашање на живот, вели Жаклина Пешевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Можностите значат економска самостојност и фер шанса. Еднаквоста значи жените да бидат рамноправни креатори на политики и општествени промени.