Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пешевски: Велат не сме биле продуктивни, они се продуктивни со „Поршиња“ на Халкидики

/

пред 249 дена

Сподели преку :

На денешниот протест се обрати и Иван Пешевски од ССМ. Тој порача дека секој ден ќе бидат пред Влада додека не се постигне целта, а тоа е зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за 6.000 денари.

„Сакаме да ја вреднуваат нашата работа и труд, сакаме достоинствена плата, а не милостина. Велат не сме биле продуктивни, они се продуктивни со Поршиња на Халкидики. Ќе блокираме институции и ќе донесеме одлука за генерален штрајк првпат во историја на Македонија во приватен сектор, па нека работат они на сќеле, нека сечат шуми, нека видат како му е 30 години на овој работник, нагласи Пешевски.

Пешевски додаде дека луѓето секојдневно се прашуваат како да си ги прехранат семејствата, а функционерите се луксузираат и уживаат.

Т.Д.

ССМ на протест пред Собрание: „Нема да дозволиме да се играте со работничката пот и мака од чии даноци зимате плата“