Центарот за управување со кризи во својот последно објавен извештај информира дека заклучно со 21:00 часот синоќа за 24 часа во земјава се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор… Од нив, 5 се сè уште активни, 4 се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати… Најсериозната состојба е забележана кај Македонски Брод, каде пожарот зафаќа дабова шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа… Активни пожари има и во село Нивичино – Василево, во Ложани и меѓу Дрслајца и Мороишта – Струга, како и во село Табановце – Куманово… Меѓу пожарите кои се ставени под контрола се оние во Велешко, Илинден, Демир Хисар и Дојран… ЦУК апелира на внимателност од граѓаните, особено во делови со сува вегетација и повикува на соработка со надлежните служби при евентуални сомнителни активности.











