Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

/

пред 517 дена

Сподели преку :

Апелација да пресуди максимална казна од 20 години за Васил Јованов, дисциплинска постапка за судијката што му пресуди 12 години затвор, одговор дали имало влијанија врз пресудата, се дел од петте барања кое семејството на Фросина Кулакова ги испорача на протестот кој почна од Универзална сала а заврши пред Кривичниот суд.

„Правда за Фросина“, „судии – убијци“, „не е казна туку милост“, беа дел од пораките на транспрентите кои заедно со сликата на Фросина ги носеа нејзините роднини, пријатели и други граѓани.

Поддршка им дадоа и семејствата на други жртви во сообраќајот.

За Таткото на Фросина соминтелна е одлуката на Врховен  да ја укине пресудата за Јованов од 3 години и 10 месеци за трговија со дрога и да ја врати пред Апелација.

„Очигледна е намерата со игра на датуми да се створи правна конфузија. Сега одбраната ќе бара на Апелација да му се намали казната“, рече Кулаков

Откако минатата недела Јованов призна вина вчера судијата Снежана Марковска ја објави пресудата од 12 години затвор  и образложи дека ги ценела и олеснитлените и отежителните околности.

Адвокатот на Јованов рече дека казната е превисока и најави жалба а обвинителот рече дека оваа казна е највисока што до сега ја пресудил кривичен за истото дело со 1 жртва.

Елена Ивановска Мукоска