Лажниот доктор од Охрид, кој во јануари годинава успеа да измами осум повозрасни граѓани од Штип и Виница со приказната дека е лекар и за итни операции за скршеници на нивните деца и внуци се потребни пари, денеска доби затворска казна од пет години и шест месеци. Пресудата беше објавена во Основниот суд во Штип. За само еден месец од измамените граѓани со кои телефонски се договарал каде да ги остават парите, успеал да им земе 56.000 евра.
Портпаролот на Основниот суд Штип, воедно и претседател на кривичниот совет, судијата Сашко Георгиев информираше дека денеска продолженото кривично дело е сторено кон осум оштетени граѓани од Штип и Виница во период на месец јануари во 2026 година.
„На начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти за штетата на својот имот, доведувајќи ги во заблуда и кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и оти е потребна итна операција и за тоа се потребни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472 906 милиони денари или околу 56.000 евра“, соопшти Георгиев.
Притворот за лицето П.С од Охрид е продолжен до правосилноста на пресудата.
Викторија Јованова











