Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет години ниту закон ниту мерење на стакленички гасови – како државата се бори со климатските промени

/

пред 421 дена

Сподели преку :

Македонија нема закон за климатски промени, не ги мери емисиите на стакленички гасови врз кои треба да се креираат политиките, а во долгорочната стратегија за климатска акција во наредните 25 години државата предвидела за реализација на политиките и мерките инвестиции и трошоци во висина од 156 милијарди евра, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Пет години државата доцни со носење на законот за климатски промени и затоа во Македонија нема воспоставен институционален систем, координација и комуникација помеѓу институциите вклучени во процесот на климатски промени.

Пет години во Македонија не е измерена и емисијата на испуштени стакленички гасови и затоа речиси е невозможно да се креираат политики за управување со климатските промени.

„Поради слабите административни капацитети, не е обезбедена единствена база на податоци потребна за изготвување и ажурирање на Национален инвентар на стакленички гасови кој со помош на меѓународни проекти последен пат е изработен во 2019 година“ – се подвлекува во извештајот на државниот завод за ревизија.

Со Долгорочната стратегија за климатска акција за периодот 2020 – 2050 година, државата се обврзала да ги намали нето емисиите на стакленички гасови до 2050 годна за 72% во однос на 1990 година, односно не утврдила „нето нула“ емисии со што не ги исполнила обврските со Европскиот зелен договор а посред последните достапни податоци од 2019 година намалувањето е само 9,2 отсто во однос на 1990 година.

Оваа долгорочна стратегија предвидува дека за реализација на политиките и мерките за периодот од 2020-2050 година ќе бидат потребни капитални инвестиции од 35 милијарди евра и трошоци во енергетскиот сектор од 121 милијарда евра

Ревизорите нотираат дека во Македонија се исполнети основните предуслови и постигнат е одреден напредок во креирањето на политиките, но потребни се дополните мерки и активности за воспоставување механизми и системи за справување со климатските промени.

Огнен Чанчаревиќ