Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет милијарди евра од Европската Унија за воена помош за Украина

/

пред 954 дена

Сподели преку :

Претставници на 27 земји-членки на ЕУ, на состанок во Брисел, по неколкумесечна тензија се согласија за реорганизација на „Европскиот мировен фонд“ и се договорија пет милијарди евра да бидат дадени за воена помош на Украина.

По одлуката, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека помошта е „уште една силна и навремена демонстрација на европското единство и решителност да се постигне заедничка победа“.

Исто така, артилериските гранати набавени од земји кои не се членки на ЕУ, преку иницијатива предводена од Чешка, треба да пристигнат на украинските боишта најдоцна до јуни. Минатиот месец, Чешка предложи да купи стотици илјади артилериски гранати од трети земји за да ја зајакне одбраната на Украина од Русија. Повеќе од десетина земји ветија финансирање на иницијативата.