Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ванковска и Јакимовски последни во низата – пет од 11-те кандидати за претседател собраа 10.000 потписи

/

пред 960 дена

Сподели преку :

Пет од вкупно 11 кандидати ги собраа неопходните 10.000 потписи за учество на претседателските избори, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). На Максим Димитриевски од ЗНАМ (За Наша Македонија), на Бујар Османи од ДУИ и на Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, од вчера се придружија и претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска и градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Останатите кандидати, барем засега, се далеку од потребните 10.000 потписи. Вело Марковски има 1.330, Мерсиха Смаиловиќ 1.286, Ѓорѓи Манасков 388, Зорица Цветковска 176, Господин Поповски 106, Томе Николовски 0.

Постапката за собирање потписи почна на 23 февруари, а ќе трае до 8 март до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Потписи од утре ќе собираат и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и на СДСМ, Стево Пендаровски и покрај поддршката што за нив се очекува да ја официјализираат  викендов партиите.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.