Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет отсто од БДП за одбрана, сите го можат тоа – Трамп со барање до членките на НАТО

/

пред 650 дена

Сподели преку :

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека земјите од НАТО треба да потрошат пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, што е повеќе од сегашната цел од два отсто.

„Сите можат да си го дозволат тоа, но тие треба да бидат на пет проценти, а не два проценти. Јас сум тој што ги натера да платат два отсто“, рече тој за време на прес-конференцијата во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида.

Трамп, кој се враќа во Белата куќа на 20 јануари, долго време беше критичар на НАТО, тврдејќи дека многу европски членки не сакаат да плаќаат за својата одбрана и наместо тоа се потпираат на американските даночни обврзници.

На минатогодишниот предизборен митинг тој рече дека ќе ја „охрабри“ Русија „да прави што сака“ на земјите од НАТО кои не трошат доволно за одбрана.