Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петгодишно девојче загина, братот и родителите со тешки изгореници – пад на воен авион врз приватен автомобил во Италија

/

пред 1140 дена

Сподели преку :

Петгодишно девојче загина, нејзиниот брат и родителите се потешко повредени и се хоспитализирани со сериозни изгореници по падот на воен авион при тренажен лет врз нивниот автомобил во околината на Торино, јавуваат италијанските медиуми.

Пилотот се катапултирал и безбедно се спуштил на земја, но и тој наводно се здобил со изгореници. Авионот бил на тимот „Фрече триколори“ кој е врвен актобатски тим како дел од италијанските воздухопловни сили. Обично изведуваат драматични прелетувања на настани од национално значење, оставајќи зад себе траги од црвен, бел и зелен чад во боите на италијанското знаме.

Тимот во случајот се подготвуваше за денешното шоу – 100 години од италијанското воздухопловство.