Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петкоска: Коцкање, брзи кредити и недоволна грижа за ментално здравје поттикнуваат насилство

/

пред 207 дена

Сподели преку :

Фемицидот не е само институционален, туку и сериозен општествен аларм, смета Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која нагласува дека проблемот мора да се решава системски и со поголем фокус на превенцијата.

Според неа, одговорноста не може да се припише само на системот, бидејќи зад институциите стојат луѓе кои раководат со нив.

„За жал, не само што фемицидот е институционален аларм, туку е и општествен аларм. Навикнавме да велиме дека системот е виновен, меѓутоа системот го сочинуваат институциите, а со институциите раководат луѓе“, изјави Петкоска.

Таа посочи дека е потребна работа од корен, особено во воспитно-образовниот процес, кој според истражувањата има значајна улога во формирањето на однесувањето.

„Ако сме констатирале, а истражувањата тоа го говорат, дека најголем причинител е воспитно-образовниот процес, тогаш треба многу повеќе да работиме во таа насока. Насилството не е туѓ проблем, туку е проблем на сите нас, како што е и загубата на овие два млади животи“, рече таа.

Петкоска нагласува дека превенцијата е клучна за намалување на бројот на насилници и жртви на семејно насилство.

„Потребна е превенција. Ако на пример на детето не му посветиме внимание кога станува збор за булинг, подоцна од таму можеме да добиеме насилници“, истакна таа.

Таа додава дека постојат повеќе општествени проблеми на кои не им се посветува доволно внимание, а кои можат да придонесат за појава на дисфункционални семејства.

„Имаме голем број појави и проблеми како коцкањето, брзите кредити, задолженоста, менталната хигиена и менталното здравје, на кои не им се посветува доволно внимание. Сето тоа доведува до дисфункционални семејства, а за жал во тие семејства често егзистираат насилниците“, посочи Петкоска.

Т.Д.