Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петкоска: Со В. Британија се преговара за инвестиции, за политики, за безбедност, не се преговара за мигранти

/

пред 307 дена

Сподели преку :

Со Велика Британија се преговара за инвестиции, за политики, за безбедност, не се преговара за мигранти, рече Лидија Петкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Да, ги прочитав написите во британските медиуми кои што, народски кажано, се „што би било, кога би било“. Значи тие викаат „би се испратиле“, „можеби би можеле да се депортираат“, ама имаме сега сериозни луѓе кои што седат на спротивната страна и на секое „дали ова може“, нема да викаат „може“ како што правеше вашата влада“. Имаме влада која што знае да постави граница, која што знае да постави црвени линии и на која што безбедноста на граѓаните ѝ и приоритет“, изјави Петкоска.

С.Д.