По телефонскиот разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, пред две недели, претседателот и премиерот на Бугарија Румен Радев и Кирил Петков, полека ги пакуваат коферите и се подготвуваат во четири очи со Макрон да разговараат во Париз на темата „Македонија“.
Дека Радев и Петков ќе патуваат за Франција објави агенцијата БГНЕС, повикувајќи се на неофицијални информации од состанокот на владеачката коалиција т.е. коалициски совет, одржан во петокот на кој се утврдувала позицијата на коалиција по прашањето за Македонија.
Според бугарските медиуми Радев и Петков со Макрон треба да го разгледаат планот на францускиот претседател за кревање на бугарското вето за земјава,
Но потврда за тоа не стигна ниту од бугарскиот премиер Кирил Петков, ниту од бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, која според бугарските медиуми, исто така би била дел од делегацијата во Париз.
Петков денеска пред во Брисел изјави дека не може да ја потврди поканата.
„Знам дека многу се работи. Не можам да потврдам дали има посебни покани или нема посебни покани, за да видиме до каде ќе стасаме. Реално, во рацете на дипломатите е“, изјави Петков.
За постигнување на решение до крајот на француското претседателство, на што се надеваат европските партнери на Бугарија, Петков со став дека тоа ќе зависи и од самата Европа.
„До кој степен тие би ги прифатиле условите кои се многу важни за Бугарија. Затоа велам дека се е на ниво на дипломатијата. Кога таа ќе ја заврши работата, прашањето ќе премине кај политичарите, по што следува бугарското собрание кое треба да го каже крајниот тежок збор“, изјави Петков.
И министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, денеска неодредено одговори на прашањето за висока посета на Париз од која дел би била и таа, но информирала дека се подготвува нова рудна експерстки разговори меѓу бугарскотот и македонското МНР.
„Не, не преговараме, се подготвуваме за официјална посета на експертските тимови на Министерството за надворешни работи на Бугарија и на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија“, изјавила Теодора Генчовска, министер за надворешни работи на Бугарија.
И Петков денеска со став дека на ниво на министерство за надворешни работи се бараат сите можности за напредок по прашањето со Македонија.
Според него, се бара некаква заедничка идеја каде може да се направи исчекор.
Инаку за посетата на Петков и Радев на Франција БГНЕС, повикувајќи се на неофицијални извори од владеачката коалиција во Бугарија, објави дека со Макрон ќе го разгледаат планот на францускиот претседател за кревање на бугарското вето за земјава, при што, според едната верзија, Макрон понудил целосно вклучување на бугарски барања во преговарачката рамка, чие спроведување би било гарантирано лично од Макрон, додека според друга предлозите на Макрон не биле сосема јасни и оти воопшто не било сигурно дека Европската комисија може да даде гаранции за нивно спроведување.
Тамара Грнчароска











