Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрески: Клучниот проблем кај државната помош е дизајнот и ефектот, тие две алки нѝ се исклучителна слабост

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Клучниот проблем кај државната помош е во двата аспекта, првиот е дизајнот, вториот е во крајната контрола, во делот на ефективност, рече Благица Петрески од Фајнанс Тинк во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Овие две алки на нас нѝ се исклучителна слабост. Иако законот во голема мера е усогласен во европските директиви, сепак при дизајнот, во една од нашите анализи пред три-четири години во кои ја меревме ефективноста на две мерки – една компонента во законот за финансиска поддршка на претпријатијата и другата во ФИТР, идентификувавме дека кај законот за поддршка кај компании дадените мерки не биле ефективни за разлика од оној на ФИТР. Идентификувавме дека во голема мера тоа се должи на недоволниот мотив за инвестицијата да биде направена. Зошто? – Затоа што средствата биле давани, откако инвестицијата била направена, а не претходно ѓто е спротивно на основното барање за државна помош“, вели Петрески.

С.Д.