Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петровска: Намерата на Кочоска беше да бидам омаловажена

/

пред 601 дена

Сподели преку :

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска истакна дека во парламентот поставила прашање, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци, на кое не доби одговор.

„Јас добив навреда, но не ја примив навредата. Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена, затоа што немам деца и немам семејство, апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста не само на СДСМ по ова е тоа што всушност го вознемири ВМРО-ДПМНЕ, затоа што видоа дека отиде работата предалеку“, нагласи Петровска во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.

„Наместо тоа мене вака ми се обрати министерката: „Не можам да кажам, почитувана“. Дали јас со нешто ја навредив. Не. „За да кажам почитувана мора да ја заслужите мојата почит“, Не. Во диктатура е така, во демократија е обратно, министрите се тие кои ја бараат почитта од пратениците, без разлика од која партија доаѓаат. „Врз основа на што вие во уста ги ставате мајките кои имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина“. На што алудира ова ако не на потценување и обид да ме дискредитира, да ме дискриминира заради тоа што јас немам деца. Тоа е моја лична состојба, мојот личен статус и тоа дали сум сама, дали имам семејство или имам деца е мое лично прашање. Зошто е тоа така знам јас и судбината“, истакна пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

„Да бевме нормална држава, во којашто постоеше одговорност и во којашто се знаеше редот, кој поставува прашања во парламентот и кој кого повикува на одговорност, јас очекував дека досега ќе имавме оставка од министерката, додаде Петровска.