Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петровска во „Топ тема“: Можноста за корупција се случува онаму каде што се носат одлуките и каде што се прават плановите

/

пред 674 дена

Сподели преку :

Пренамена на зеленило е забрането со закон. Зборуваме за неусогласеност на законите. И тој Закон за урбанистичко планирање, со соодветниот правилник, вели зеленило со намена Д не може да се пренаменува во ништо друго. Но, и покрај тоа што е забрането, чудесно, по пат на некоја магија, ние го губиме зеленилото низ различни процеси и постапки, истакна Ана Петровска, архитектка и раководителка на проектот „Граѓаните против корупцијата за животна средина“ во здружение „Зелен институт“, во вечерашната „Топ тема“ во рамки на програмата „Грантови и градење на капацитети, финансиран од МЦМС со средства од американскиот народ преку УСАИД.

„Можноста за корупција се случува таму каде што се носат одлуките. Значи на највисоко ниво. Меѓутоа, некогаш се случува корупцијата да се вгнезди и на пониските ешалони, каде што раководители на секторие за урбанизам, бидејќи имаат големо искуство, поголемо искуство на манипулација на законите од градоначалниците. Значи, тие ветуваат и успеваат да реализираат невозможни мисии за потребите на нивните патрони. Тоа се, значи, службите во Општината“, вели Петровска.

Според неа, тука настапуваат и урбанистичките комисии, каде што би требало да членуваат видни урбанисти, експерти, да бидат чувар на јавниот интерес кои што би требало доколку постои некаква корупција.

„И, конечно, корупцијата се случува таму каде што се прават плановите. Повторно планерите кои што имаат лиценца, но ја злоупотребуваат на начин што им излегуваат во пресрет на неможните желби, на непристојните желби на оние кои сакаат да извлечат проифит. И тоа за брзо време да се збогатат и потоа да флуктуираат во некој друг бизнис, бидејќи во денешно време, бизнисмените, т.н. кои што влегуваат во вакви зделки се бават со многу, многу бизниси“, посочи Петровска.