Имаа активности со кои се мешаа во стратешките национални интереси на државата, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска за последното протерување на тројца руски дипломати и еден руски свештеник.
Тие беа протерани од Македонија поради кршење на дипломатските правила, а Петровска вели дека немало обиди за нивно влијание врз припадници на Армијата и одбраната.











