Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Певчих: Навални требаше да биде трампан со уште двајца Американци за руски платен убиец  

/

пред 971 дена

Сподели преку :

Роман Абрамович го предложил, Владимир Путин го прифатил минатата пролет. Алексеј Навални бил блиску до можноста да биде разменет за платениот убиец Вадим Красиков кој отслужува доживотна затворска казна во Германија. Со вакво тврдење на Јутјуб излезе Марија Певчих, соработничка на рускиот опозициски политичар и претседателка на Фондацијата за борба против корупција што ја основаше Навални.

Во пакет со него, според неа, требало да бидат и двајца американски државјани. Певчих не ги наведе нивните имиња, но „Ројтерс“ потсетува за напорите на САД за ослободување на репортерот на „Волстрит Журнал“, Еван Гершкович и на поранешниот американски маринец, Пол Вилан. Според Певчих, политичка волја постоела, а реализацијата требала да се случи за неколку месеци. Но, американски и германски официјални лица, како што додаде, само климале со глава, но ништо не направиле.

Така било до декември лани, кога Путин повторно ја одобрил понудата. Дел од руските медиуми на 15 февруари објавија дека преговорите се влезени во завршна фаза. Ден подоцна Навални почина во казнена колонија на далечниот североисток, во затворот „Поларен волк“ во Арктичкиот круг, кој важи за еден од најлошите во рускиот затворски систем.

Смртта на Навални, поточно причините, ги обедини завојуваните Киев и Москва. Шефот на украинската разузнувачка служба Кирило Буданов на прес-конференција во рамки на форумот „Украина 2024“ рече дека Навални починал од природна смрт, односно поради згрутчување на кртва како последица на тромбоза. Кремљ претходно негираше вмешаност за смртта на жестокиот критичар на политиките на Путин, а се огради и од тврдењата дека руските власти инсистирале кај семејството за „приватен погреб“ додека приврзаниците на Навални ги обвинија властите за ултиматум.

„Скај њуз“ деновиве дојде до необјавено интервју со Алексеј Навални од февруари во 2020 година. Во него, тој говори за корумпирани официјални лица кои живеат во Лондон и, како што сметал, им помагаат на руските власти на чело со Владимир Путин да ги сокријат валканите пари. Покрај нападот на политичари и влијателни лица на Западот кои, според него, не прават ништо, Навални во разговорот говори за надежта за подобра иднина на Русија, но и за свесноста за ризиците што ги презема.

Интервјуто е снимено како дел од неемитуваната документарна серија „По падот“, едно од последните на Навални пред здравствените проблеми со кои се соочи во месеците потоа.

Сашко Димовски