Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пилоти пријавиле нарушување на воздушниот простор за што се сомневале во дрон – аеродромот во Минхен претпладнево беше затворен еден час

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Аеродромот во Минхен повеќе од еден час претпладнево беше затворен поради нарушувања што ги пријавија пилоти за време на лет, а за кои имало сомневање дека се предизвикани од дрон, пренесуваат германските медиуми.

Аеродромот беше целосно надвор од функција од 9 часот, пренесува „Билд“. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување.

Портпаролот на федералната полиција, Стефан Бајер изјави за германскиот весник дека во близина на аеродромот е забележан потенцијално неовластен летачки објект и дека е наведено дека може да станува збор за дрон.

Голем број полицајци беа присутни на местото на настанот, а беше распореден и хеликоптер за да провери за евентуално присуство на дрон. Околу 10:05 часот беше објавено дека полицијата не открила ништо сомнително, изјави портпаролот за „Билд“.