Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Писмо од интелектуалци до Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј

/

пред 1604 дена

Сподели преку :

Група македонски интелектуалци, во отворено писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј, му се заблагодаруваат на одлуката на Вселенската патријаршија да ја прифати во канонско единство Македонката православна црква – Охридска архиепископија.

Во писмото, тие пишуваат дека ова е чин со кој се изгради одбранбен ѕид против агресивната политика за духовна колонизација на Балканот, спротивна на црковните канони и традициите на православието.

„Го очекуваме и конечното решавање на административниот статус на нашата црква, а тоа е доделување на томос за автокефалност од ваша страна, бидејќи единствено Вселенскиот патријарх има историско и канонско право да доделува автокефалност. Со тоа практично ќе се потврди црковниот суверенитет, како државотворност на нашата татковина и на македонскиот народ и на сите граѓани во неа“, пишува во писмото на кое, меѓу другите се потпишани и професорорите Марјан Ѓуровски, Методи Чепреганов, Цане Мојаноски, Људмил Спасов, Весна Ѓиновска Илкова, академик Газанфер Бајрам, генерал Мирослав Стојановски, д-р Аспазија Софијанова, поетот Раде Силјан.