По официјален Вашингтон, и Москва со позитивен став за писмото на украинскиот претседател Зеленски до претседателот на САД, Доналд Трамп.
„Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро, со цел постигнување траен мир“, напиша тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека оваа најава е „позитивен сигнал“, но нагласи дека сè уште има правни и политички пречки. Тој повтори дека, според украинскиот закон, Зеленски сè уште нема овластување за директни разговори со Русија, алудирајќи на декретот од 2022 година со кој Киев забрани можност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин.











