Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Плаколм: Напредните кандидати како Македонија треба да добијат пристап до програмите на ЕУ

/

пред 558 дена

Сподели преку :

За австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм, на земјите од Западниот Балкан кои постигнале значителен напредок, како Македонија, треба чекор по чекор да им биде овозможено да се вклучат во европските програми.

Според неа преку подобра економска соработка и видливи придобивки за граѓаните и компаниите, ЕУ може да ги зајакне врските со регионот. Плаколм предупреди дека продолжената неизвесност околу проширувањето може да го наруши кредибилитетот на Унијата и да го отвори регионот за влијание на други геополитички сили.

Таа предложи да се разгледа ограничување на правото на вето при донесување одлуки за проширување и изрази надеж дека нови членки ќе се приклучат до 2030 година. Во споредба со Украина, Плаколм посочи дека Западниот Балкан е значително понапред во процесот на пристапување и дека е време за конкретни чекори кон интеграција.