Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пламени јазици зафатија црква во Мршевци

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Неколку искри на жици помогнати од силниот ветер предизвикаа подрачјето на општина Илинден да се вивне во пламен и чад во попладневните часови. Барем такви се сомнежите на околните жители кои во време на пожариот се нашле на отворено.

Очевидци првиот пламен го забележале крај Мршевци кој за брзо време го зафати и  кровот на црквата Свети Спас.

Веднаш по избувнувањето на пожарот луѓето започнале со гасење, а набргу дошле и противпожарните служби кои успеале да го изгаснат. Стравот е надминат, но разочарувањето огромно за околните жители.

Покрај Мршевци, искрите на пламен набргу се насочија и кон селото Ајватовци и Бујковци, каде гореше околу еден час, засега пожарот таму е локализиран. Луѓето се екипираат со цел да помогнат во гаснење. Ветрот го прошири пожарот до автопатот кај Миладиновци кадешто сообраќајот е во прекин.

Пожар од искрење на жици има и во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане. Според Центарот за управување со кризи, во земјава има 11 активни пожари.

Теа Димковска