Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пламнаа стари и неисправни вагони во депо на Железници во Аеродром

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Пламнаа стари и неисправни вагони во депо на Македонски железници транспорт во Општина Аеродром. Пожарот избувнал во 01:20 часот на улицата „Трета Македонска Бригада. Интервенирале 20 пожарникари со осум противпожарни возила.

Според информациите, огнот сè уште е активен. Причините за пожарот сè уште не се познати.

На терен има и инспектори од Министерството за внатрешни работи, а ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило. Засега нема информација за повредени.

-На 07.11.2024 во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“ во кој имало неисправни стари вагони и локомотиви. Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот, соопштија од МВР.