Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

План за поствоена Газа – Блинкен со барање до Нетанјаху, САД и Израел со различни ставови по завршување на војната

/

пред 1021 дена

Сподели преку :

План за поствоена Газа побара американскиот државен секретар Ентони Блинкен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Блинкен во Тел Авив допатува од мини-турнеја по земји на Блискиот исток и во обид војната во Газа да не прерасне во регионален конфликт. На својот домаќин му пренесе ветувања од четири арапски земји плус Турција за помош при обновата на палестинската енклава. И тоа не е се што високиот гостин од САД го испорача како барање од Нетанјаху.

Блинкен од изралескиот премиер побара транзиција во помека фаза на воените операции, враќање на раселените Палестинци од северот на Појасот, затворање на договорот за размена на затвореници, дуплирање на увозот на помош на опколената територија, префрлање на повратот на данок на палестинската самоуправа и избегнување на секаква опасност од избивање на војна на границата со Либан. Американскиот државен секретар претходно се сретна и со израелскиот претседател Херцог, со шефот на дипломатијата Кац, а по нив и со министерот за одбранам Галант.

И покрај меѓусебната поддршка, САД и Израел остануваат поделени околу Појасот Газа по завршување на војната. Американските планови се идентични како и на арпаските земји – крај на борбите во Појасот и конкретни чекори кон создавање на палестинска држава што Нетанјаху вети дека нема да го дозволи, без да изнесе конкретен план. САД бараат палестинската самоуправа, која моментно е управува со делови на Западниот брег, да раководи и со енклавата која веќе три месеци е под жестоко бомбардирање на израелските сили.

Блинкен во исто време се обидува да спречи отворена војна меѓу Израел и Хезболах. Двете страни ја заострија реториката по минатонеделниот напад со дрон, за кој се претпоставува дека е израелски, врз Бејрут во кој загина висок претставник на Хамас. За време на посетата на американскиот државен секретар на Тел Авив, шиитската милитантна група објави дека извршила напад врз команден центар на израелската војска на северот на земјата, како одговор за убиствата вториот човек на Хамас во Бејрут и на еден од лидерите на Хезболах во Либан, додека и борбите во Газа продолжуваат со несмален интензитет.

Сашко Димовски