Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пласидо Доминго за Телма: Почнав со диригирање и свирење на пијано, но операта беше моја определба

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Во Вашата музичка дејност се вбројуваат речиси 5.000 настапи на најпрестижните музички сцени, но каков е предизвикот да се настапи за првпат во Македонија, овој пат под диригентство на Марчело Рота и сопранистката Марија Хозе Сири?

  • Да. Цело попладне ни траеше пробата, прекрасно беше, оркестарот е неверојатен, маестрото исто така, знаете дека одржувавме концерти низ Јужна Америка и оттогаш посетивме многу различни градови и имавме концерти. Таа е неверојатен сопран. Оркестарот е навистина неверојатен. Неверојатен. Бидејќи оркестрите вообичаено уживаат во својата работа, кога се вели беспрекорно, но за вокалистите овој оркестар е исто толку добар и за концерт и за опера, бидејќи многу работат многу опери. Јас секогаш ја започнувам програмата со опера, бидејќи откако сум роден јас слушам Зарзуела, музиката која моите родители ја пееја, и затоа јас морам да пеам Зарзуела. Потоа, во продолжение на програмата мора да има традиционални песни. Морате да ги задоволите сите во публиката и да направите програма која сите ќе ги направи среќни.

Кој е најважниот совет кој го добивте на почетокот на својата уметничка дејност и што би им советувале на новите генерации оперски уметници?

  • На почетокот не ни помислував дека ќе станам оперски пејач. Бев пресреќен што ја запознав музиката, што пеев Зарзуела со моите родители, на кои им се восхитував. Кога пристигнав во конзерваториумот, студирав за диригент и свирење пијано, потоа сфатив дека имам и глас. Значи, навистина прво започнав да пеам со моите родители, потоа мали улоги во опери и така знаете поминав многу, многу години пеејќи, повеќе од 50 години. Важно е, прекрасно е кога подучувате. Навистина обожавав да подучувам. Бидејќи во толку многу години многу можете да научите, а ширум светот има феноменални вокали. Операта сега е многу популарна, сега каде и да одите, во било кое место ќе пронајдете пејачи. Многу сум среќен за тоа, и каде и да одам, ако можам да им помогнам го правам тоа.

И кога ќе се свртите наназад верувам дека беше неповторливо искуството да се биде дел од „Трите тенори“ со Хозе Карерас и Лучијано Павароти. Воедно тоа беше и можност за популаризација на операта…

  • Започнавме нешто кое не постоеше претходно. Имаше концерти, но помисливме да се здружиме. Бевме многу добри пријатели и ги создадовме „Трите тенори“. Тоа беше нешто кое продолжи многу години. За жал, Лучијано повеќе не е со нас, но сѐ уште пеам со Хозе, неодамна пеевме, и продолжуваме да пееме заедно.

Ви благодарам и се надевам дека ќе имаме неверојатна вечер задутре.

Нина Стефанова