Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Плати 250 милиони долари во кампања, му падна популарностa и бизнисите – Маск се повлекува од администрацијата на Трамп

/

пред 506 дена

Сподели преку :

Најбогатиот човек на светот, основачот на Тесла и Спејсекс, Илон Маск денеска се повлекува од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и новото министерство кое беше креирано само за него. Маск не можеше да биде дел од администрацијата преку политичко назначување поради судир на интереси, но одделот за ефикасност на владата го предводеше во својство на специјален вработен и како таков можеше да работи за администрацијата само 130 дена годишно.

За својата работа во американската влада, Маск плати висока цена, не само поради 250-те милиони долари што ги потроши за време на кампањата минатата година, туку страдаше неговата лична популарност, а преку неа и вредноста на неговата најпозната компанија Тесла.

На почеток, ветувајќи дека трошоците на американската влада можат да се намалат за два трилиони долари, Маск брзо ја ревидираше таа проценка на еден трилион. Но, по четири месеци работа, и покрај гаснењето на УСАИД и отпуштањето на илјадници државни службеници ширум САД, заштедата изнесува само 150 милијарди долари.