По двегодишна пауза заради ковид-пандемијата, денеска напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа „матурската парада“, на која учествуваа речиси сите матуранти од средните училишта во Скопје заедно со нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.
Организатор на „матурската парада“ е дирекција за култура и уметност на Скопје, во соработка со танцовиот спортски клуб „Ритам плус“.











