Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По фотографиите со функционери на ДУИ, Абази спорен и за Антикорупциска

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Тврдеше дека Али Ахмети, со кого се од исто место, го знае само од видување, а е сликан во домашна атмосфера со неговиот брат. Со дел од функционерите на ДУИ, за кои исто така рече дека ги среќавал попатно, заедно бил во лов и на заеднички дружби. Во изборот на новиот обвинител за организиран криминал, Ислам Абази од Зајас, се посомневаа и од Антикорупциската комисија, не само поради спорните фотографии, објавени во медиумите, туку и поради непотполните критериуми за избор.

Претседателот на Собранието не крие дека се познава со Абази, но смета дека во тоа нема ништо спорно.

Изборот на Абази е спорен и за опозицијата.

Не стивнуваат ниту реакциите во правната фела, дека „изборот на човек кој е отворено поврзан со ДУИ и за чиј избор отсуствуваат било какви објективни критериум зборува за недостатокот од критична маса на обвинители со елементарен интелектуален и морален капацитет“. Дел од нив го споредија со Катица Јанева, која во СЈО дојде како целосен анонимус, исто како и Абази, кој на високата позиција доаѓа од Вишото обвинителство во Гостивар и е познат само во локални рамки.

Далиборка Демјанска Цветановска