Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје најавена блокада на граничните премини со Бугарија

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Бугарската фондација „Македонија“ најави дека во недела ќе организира двочасовна блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија.

Според организаторите, протестот ќе се одржи на премините Деве Баир, Делчево и Ново Село.

Повод за акцијата е инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје, каде беа запалени две возила со дипломатски таблички.

Осомничениот за случајот е приведен, а инцидентот беше осуден од властите во двете земји.

Од фондацијата соопштија дека целта на блокадата е да се испрати политичка порака, а не трајно да се попречува движењето на граѓаните.

Во наредните денови се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за можните последици врз граничниот сообраќај.

Осмничениот признал дека опожарил возила на Бугарска амбасада