Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина 115-годишниот Хуан Висенте Перез Мора, највозрасниот човек во светот

/

пред 933 дена

Сподели преку :

Венецуелецот Хуан Висенте Перез Мора, највозрасниот човек на планетата според Гинисовата книга на рекорди, почина во 115 година од животот, соопшти неговото семејство и властите.

Хуан Висенте Перез Мора, кој почина вчера, официјално беше прогласен за највозрасен човек на светот на 4 февруари во 2022 година на возраст од 112 години и 253 дена.

Татко е на 11 деца. Во 2022 година имаше 41 внук 18 правнуци и 12 праправнуци. Перез Мора беше фармер. Роден е во Ел Кобре на 27 мај во 1909 година како деветто дете во десетчленото семејство.

„На петгодишна возраст почна да работи земјоделие со својот татко и браќа и помагаше во берба на шеќерна трска и кафе“, е наведено во Гинисовата книга на рекорди при врачување на признанието.