Синоќа почина 19-годишниот ракометар Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.
Тој починал во својот дом. Петрески беше познат меѓу соиграчите по прекарот „штурче“.
Македонскиот талентиран ракометар играше на позицијата лево крило и се наоѓаше на поширокиот список на македонската кадетска репрезентација.
Во клубот Аеродром, Андреј го носел бројот 22.











