Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

/

пред 206 дена

Сподели преку :

На педест и осум годишна возраст во Еквадор почина актерот Кирил Поп Христов-Кили.

Поп-Христов се пресели во Еквадор во 2014 година.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од  1993  до 2014  работеше во Македонскиот народен театар.

Глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“ и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и многу други.

Неговото заминување претставува загуба за македонската културна сцена, а колегите и публиката ќе го паметат како посветен актер кој со својата работа и талент остави значајна трага во театарот и филмот