Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина легендарниот светски шаховски шампион Борис Спаски

/

пред 585 дена

Сподели преку :

На 89-годишна возраст почина легендарниот светски шаховски шампион, Борис Спаски. Веста за неговата смрт ја потврди претседателот на Руската шаховска федерација, Андреј Филатов.

„Замина голема личност, неговите партии создаваа, учеа и уште многу генерации шахисти. Голема загуба за земјата“, изјави Филатов.

Спаски е роден во Санкт Петербург во 1937 година.

Светски шампион беше од 1969 година до 1972 година, а неговиот меч со Роберт Фишер во 1972 година беше прогласен за „меч на векот“ и ќе остане запаметен во шаховската историја.