Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина македонскиот поет и писател Тихомир Јанчовски

/

пред 247 дена

Сподели преку :

Современиот македонски книжевник, преведувач, колумнист, поет и писател, Тихомир Јанчовски почина во 58 година од животот, соопшти семејството преку неговиот профил на Фејсбук. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност ќе остане запаметен и како еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје. За точниот датум и час за испраќање последен поздрав на Тихо ќе следи дополнително известување.

Јанчовски е роден во 1967 година во Скопје. Дипломираше на отсекот општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде подоцна и магистрираше на Современа историја. Во меѓувреме специјализираше на катедрата за Средновековни студии на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.

Јанчовски важеше за еден од најоригиналните и најплодни македонски книжевници. Во 2024 година одбележа две и пол децении творештво, кариера во која објави над 30 книги поезија и романи, дела поврзани со историјата, но и аудиозаписи. Заедно со Бранислав Николов во 2024 година го создадоа перформансот „Волкот на љубовта“.

„Со длабоко жалење и со огромна тага известуваме за прераното заминување на нашиот драг Тихомир Јанчовски: поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010)“, стои во соопштението од ДПМ.

Избори од неговиот поетски опус се објавувани во различни литературни списанија, беше присутен во голем број на антологии. Неговите дела се преведувани на англиски, француски, германски, италијански, грчки, албански, полски, словачки, грузиски, персиски, српски, хрватски и босански јазик.