Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина новинарката Гордана Дувњак, остави неизбришлива трага во правосудното новинарство

/

пред 168 дена

Сподели преку :

На 61 годишна возраст почина новинарката и уредник  Гордана Дувњак  која остави неизбришлива трага во политичкото и правосудното новинарство.

По долго боледување, Дувњак почина, оставајќи зад себе богата професионална кариера и почит од целата новинарска заедница.

Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиниот син, Мартин Дувњак, во емотивна порака во која ја опиша како жена-борец, врвен професионалец и пример за чесност и посветеност.

Гордана Дувњак својот професионален пат го започна во 1988 година, а низ децениите работеше во  македонските медиуми:

Македонска радио-телевизија (1988–1990): Почетоци на нејзината кариера.
Нова Македонија (1991–1999): Период во кој се етаблира како познавач на политичките состојби.

Утрински весник (1999–2017): Најдолг ангажман каде работеше како новинарка и уредничка, препознатлива по нејзините анализи на правосудниот систем.

Макфакс и 1ТВ (2017–2019): Продолжување на уредничката дејност во дигиталните и електронските медиуми.

Неделник „Фокус“: Нејзиниот последен професионален ангажман, кој започна во 2019 година.

Колегите и јавноста ќе ја паметат по нејзиниот непоколеблив став, професионален интегритет и љубовта кон новинарската професија.

Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел во 12 часот. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 11:00 часот.